Kaмпања против сексуално вознемирување- Норвешка

Кампања против сексуално вознемирување во Норвешка

Интервју со виш советник М.С. Gro Synnøve Rygh Færevåg, Норвешкo тело за инспекција на трудот

– Најпрво запознајте не со стратегијата на Норвешка во  борба против сексуалното вознемирување на работното место

Во 2015 година Норвешката Влада претстави стратегија за борба против сексуалното вознемирување на работното место.

Владата има намера да се бори против сексуалното вознемирување на работното место и да промовира одговорни и цврсти услови за работа преку широка соработка помеѓу државата и социјалните партнери за превенција, размена на знаења и спроведување.

Една од мерките во оваа стратегија е трипартитната секторска соработка во изложените сектори, како на пример угостителскиот. Ние ги базираме нашите активности на истражување и започнавме преку прибирање извештаи од истражувачкиот институт Фафо. Извештајот за овој сектор кој беше објавен во 2014 година идентификува неколку сериозни прашања поврзани со работните услови и работната средина. Едно од прашањата беше високата изложеност на сексуално вознемирување. Решивме да ја концентрираме нашата работа и на други прашања, можеби затоа што не бевме сигурни како да го решиме ова прашање за сексуално вознемирување на начин кој би бил од корист.

Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за стратегијата можете тоа да го направите на следниот линк:

https://www.regjeringen.no/contentassets/18425e5b42f84340b02fbb74bdb90b19/revised_strategy_for_combating_work_related_crime.pdf)

– Норвешката влада вршеше истражување за присутноста на сексуално вознемирувањето на работното место, но која е  дефиницијата за сексуално вознемирување на работното место:

Во 2016 година, истражувачкиот институт Фафо спроведе уште едно истражување во угостителстовото и во здравствениот сектор и ги објави резултатите во извештајот во 2017 година.

Фафо ја користи следната дефиниција за сексуално вознемирување: “Сексуалното вознемирување е несакано сексуално внимание што се смета за навредливо и застрашувачко”. Тие разликуваат три главни форми: физички, кој вклучува широк спектар на акции кои се движат од несакано допирање до силување и обид за силување; вербална, која ги опфаќа сексуалните алузии и коментари; и невербална, која опфаќа агресивно гледање, непристојна изложеност, прикажување на еротски слики итн. Денес, исто така, откриваме дека луѓето се изложени на сексуално вознемирување преку различни апликации и на социјалните медиуми.

Што говори истражувањето, кај кого е поголема изложеноста, кај постарите или помладите работници, кај мажите или жените?

Во Норвешка, истражуањата покажуваат дека 4,7% од работниците се изложени на сексуално вознемирување еднаш месечно или почесто. Жените се повеќе изложени од мажите, додека младите работници се повеќе изложени од постарите. Оние кои се најмногу изложени на сексуално вознемирување се млади жени.

Ако ги погледнеме различните професии, откриваме дека кај келнерите, здравствените работници и медицинските сестри е поверојатно да се сексуално малтретирани на работа од другите професии. Затоа, решивме да направиме кампања против сексуално вознемирување, почнувајќи од секторот HORECA (поточно ресторани и барови).

Кои се негативните ефекти од сексуалното вознемирување на работното место?

Истражувањата покажуваат дека изложеноста на сексуално вознемирување со текот на времето може да претставува значителна опасност за психичкото здравје. Може да доведе до сериозни проблеми со менталното здравје, како што се анксиозност и депресија, особено за жените, според Мортен Бирклен Нилсен, истражувач на Националниот институт за професионално здравје во Норвешка.

Во 2016/2017, по два истражувачки извештаи, конечно решивме дека е време да се направи нешто во врска со прашањето на сексуално вознемирување. Органите за инспекција на трудот и социјалните партнери во секторот одлучија да ги здружат силите со Народниот правобранител за еднаквост и антидискриминација, а заедно почнавме да работиме на кампањата.

Кои ќе бидат чекори за спроведување на кампањата?

Имаме неколку фази за оваа кампања. Ја започнавме првата фаза во декември 2017 година, всушност порано од планираното, поради движењето и иницијата која започна и брзо се прошири во Норвешка https://en.wikipedia.org/wiki/Me_Too_movement.

Сакавме да учествуваме во јавните дискусии и одлучивме да ја започнеме кампањата, фокусирајќи се главно на гостите како целна група. Се разбира, сексуалното вознемирување се случува и меѓу колегите и меѓу работодавачите и вработените. Но, не постои сомневање дека гостите и потрошувачката на алкохол го зголемуваат ризикот за сексуално вознемирување кај угостителските работници.

Ја започнавме кампањата со ангажирање на амбасадори од секторот, двајца добро познати и популарни сопственици на ресторани кои навистина беа желни да учествуваат во кампањата. Тие дизајнираа пијалак наречен „Спасител“.

„Спасителот“ не е ништо повеќе од чаша вода. Особено важно е како и со многу пијалоци и коктели е приказната и пораката со која се служи: “Добредојдовте кај нас. Посакуваме сите гости и персонал да имаат прекрасна вечер. Заедно против сексуалното вознемирување.”

„Спасителот“ даде сигнал за нулта толеранција за сексуално вознемирување – без уништување на  доброто расположение.

Се создаде можност за менаџмент и персоналот да зборуваат за тоа што е сексуално вознемирување, што не треба да прифатат кога се на работа и што да се направи ако тоа се случи. За таа цел направивме брошура. (Можете да го најдете материјалот за кампањата овде, исто така на англиски: http://www.ldo.no/diskriminert/arbeidsliv/seksuell-trakassering/trykkfiler/)

Лансирањето беше покриено од национални медиуми како што се NRK, TV2, Dagbladet, Morgenbladet, Aperitif и Horecanytt, достигнувајќи над 3 милиони Норвежани.

 

Андријана Зафировска

Hits: 36

Posted in Новости.