Повреден работник од фабриката „Квалитет Пром“

Работник од кумановската фабрика „ Квалитет пром“ е повреден на работното место. 20 годишниот Н.С се здобил се тешки телесни повреди поради што бил пренесен во болница.

Настанот се случил во текот на вчерашниот ден во 18 часот и 15 минути, а од општа болница Куманово пријавиле дека на одделението за хирургија за укажување лекарска помош бил донесен повреден Н.С на 20 годишна возраст од Куманово.

Тој се здобил со повреда на работното место во фабриката „Квалитет пром“ лоцирана на автопатот Скопје-Куманово. Од страна на дежурниот лекар била констатирана тешка телесна повреда на раката.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Visits: 146

Posted in Несреќи при работа.