Одбележување 15 години од основањето на Колаборативниот центар на Светската здравствена организација (СЗО) при Институтот за медицина на трудот на Република Македонија

Одбележување 15 години од основањето на Колаборативниот центар на Светската здравствена организација (СЗО) при Институтот за медицина на трудот на Република Македонија

Колаборативниот центар на Светската здравствена организација (СЗО) при Институтот за медицина на трудот на Република Македонија, институција со 47 годишен развој во дејноста на медицината на трудот, одбележува 15 години од своето постоење.

 Овој јубилеј е значаен настан во развојот на дејноста Медицина на трудот во Република Македонија кој покажува дека долгогодишната успешна работа и вложувањето во знаења и умеења во областа создава традиција која е потврда и инвестиција за остварување на долгорочни цели и на национално и на меѓународно ниво.

Во рамките на одбележувањето на јубилејот, предвидени се дводневни активности со презентации на досегашните активности на Институтот за медицина на трудот на РМ на национално и меѓународно ниво, како и презентации на експертите од мрежата за здравјето на работниците на Југоисточна Европа во поглед на остварувањето на целите од Глобалниот акциски план за здравјето на работниците 2008-2017 год., но и тематски презентации од поединечните земји од мрежата во поглед на активностите посветени на климатските промени и ефектот врз здравјето на работниците. Настанот е под покровителство на СЗО Регионалната канцеларија за Европскиот регион од Бон, Германија, а е поддржан и од EU OSHA, Канцеларијата на СЗО во РМ, Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика, како и Националниот совет за безбедност и здравје при работа, Медицинскиот факулет во Скопје и др.

Колаборативниот центар со највисоките експертски потенцијали и капацитети во областа, придонесува за јакнење на националните ресурси во доменот на услуги, истражување, тренинг и едукација во медицината на трудот, како поддршка на унапредувањето на здравјето на  работниците.

Реализацијата на целите и активностите од областа на медицината на трудот, во насока на програмите и целите на СЗО, ќе овозможи зголемување на продуктивноста, поефикасна работна сила, поздраво стареење, помалку трошоци за болести и социјални бенефиции и помалку загуби во даночните приходи. Добрата здравствена состојба на работоспособното население придонесува и до побрз економски развој. Здравјето и благосостојбата на работното население најдобро се постигнуваат со заеднички напори на сите релевантни чинители од Владиниот сектор, здравството и социјалните партнери преку активности кои овозможуваат подобрување на социјалните и индивидуалните детерминанти на здравјето, кон што се стреми и Колаборативниот центар на СЗО за медицина на трудот, единствен колаборативен центар во Република Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во рамките на одбележувањето на овој важен јубилеј, со поддршка на канцеларијата на Светската здравствена организација во РМ, се спроведуваат низа активности кои што вклучуваат:

 

24.септември  (вторник): 

Мерење на крвен притисок  на вработените од повеќе претпријатија и установи во Скопје, со цел навремено  и рано откривање на покачен крвен притисок  и спречување несакани последици по здравјето и работната способност кај работниците.

 

25.септември (среда):

Спроведување превентивни прегледи за оценка на здравствена состојба и работната способност на невработените лица со поддршка на Министерство за здравство и во соработка со Агенција за вработување на РМ и Министерството за труд и социјална политика

 

26.септември ( четврток):

Едукативен состанок „ Можности и акции за развој на Националната програма за елиминација на болестите предизвикани од азбест“,за клучните партнери од областа на безбедност и здравје при работа  во РМ.

 

27.септември ( петок):

Свечен состанок во организација на  СЗО Колаборативниот центар, при Институтот за медицина на труд на РМ и СЗО Канцеларија во РМ, под покровителство на Министерство за здравство на РМ (завршна манифестација).

 

На  состанокот  ќе учествуваат претставниците на МЗ, МТСП, Универзитетот, Државен трудов инспекторат, Државен здравствен и санитарен иснпекторат,  Фонд за здравствено осигурување, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на РМ, Агенција за вработување на РМ и др., служби за медицина на трудот, професионални стручни асоцијации, здруженија на работодавачи и работници итн.Исто така на настанот се очекува присуство на официјалните претставници на СЗО – СЗО канцеларија во РМ, Регионална Канцеларија на СЗО за Европа-Бон, Германија, како и  други гости – претставници на Здравствената Мрежа на Југо-источна Европа и на Мрежа за здравјето на работниците на Југо-источна Европа.

 

Hits: 197

Posted in Новости.