Повреден полицаец при обид да приведе осуден за убиство во Тетово

Полицаец настрадал при обид да приведе осуден за убиство во Тетово. МВР информираше дека вчера околу 21,45 часот на улица „Страшо Пинџур“ во Тетово од страна на полициски службеници на СВР Тетово биле преземани мерки за приведување на Г.Е.(41) од Тетово кој се бара за издржување затворска казна во времетрање од 6 години и 5 месеци за убиство.

Откако тој бил забележан како совозач во патничко возило „волксваген-пасат“, од страна на полициски службеник била издадена наредба да се сопре возилото, при што непознатиот возач со голема брзина тргнал кон полицаецот и со предниот дел од возилото го удрил во пределот на десното колено.

Потоа Г.Е. извадил пиштол кој го вперил кон полицискиот службеник, кој со службениот пиштол испукал еден проектил кон возилото. На полицаецот му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицата.

Visits: 126

Posted in Несреќи при работа.