Полицајци се повредиле при сообраќајка со комби на МВР

Во текот на вчерашниот ден на улицата „Ѓорче Петров“, се случила сообраќајна незгода меѓу комби „Фолксваген транспортер“ во сопственост на МВР и автомобил „голф“ со скопски регистерски таблици, управуван од 18-годишен возач од село Сарај.

Во сообраќајката повредени се 31-годишниот Б.С. кој го управувал полициското комби и уште двајца полицајци.

На месото на настанот бил извршен увид, а полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

https://lider.com.mk

Posted in Несреќи при работа.