Повреден мајстор во Кисела Вода

Од градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во МВР е пријавено дека кај нив бил донесен 28-годишниот Г.П.  од Агино Село, кумановско, вработен во приватна фирма.

Додека вршел поправки на лифт во комплекс згради на булеварот Србија, лифтот ненадејно тргнал и  му нанел повреди на главата. Од страна на лекар, кај Г.П. биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил известен трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот

Извор: http://www.sudstvo.mk

Visits: 100

Posted in Несреќи при работа.