Обука- „Основни поими на ергономијата и нејзината улога во безбедноста и здравјето на работниците‘‘

Поради голем интерес, Македонското здружение за заштита при работа во соработка со Машински факултет- Скопје, на 25 септември, вторник, 2018 година, со почеток во 09:30 часот (во просториите на МФС, новата зграда за атести, училница K3-9, спрат 3)повторно организира работилница на тема: „Основни поими на ергономијата и нејзината улога во безбедноста и здравјето на работниците‘‘ согласно годишната програмата за стручно усовршување од областа на безбедноста и здравјето при работа.

Целта е стекнување на подетални и поспецифични познавања и методологии кои ги нуди ергономијата, при организација и уредување на работните системи, во насока на намалување на ризиците, а зголемување на продуктивноста на работниците, Во прилог е дадена поканата за обуката.

Покана обука ергономија 25 септември

Пријавувањето може да го направите на следниот линк, по што се изработува фактура:

 

За дополнителни информации контактирajте не на:

е-маил: training@mzzpr.org.mk или на

контакт телефони: 02/ 2774-868

 

 

Hits: 165

Posted in Новости, Обуки.