Тешко повреден работник по пад од покрив

Четирисет и седумгодишниот А.Џ. од Скопје вчера бил донесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза’ со тешки телесни повреди здобиени по пад од покрив.

Како што соопшти МВР, инцидентот вчера бил пријавен во полиција од Клиничкиот центар во 13:15 часот.

– При извршен разговор со повредениот е констатирано дека на улица „Кирил и Методиј” додека извршувал работни задачи на кров, се лизнал и паднал на земја, по што се здобил со тешки телесни повреди, навдуваат од МВР.

Лицето е задржано за понатамошно лекување.

Извор: https://skopjeinfo.mk/teshko-povreden-rabotnik-po-pad-od-pokriv

Hits: 12

Posted in Несреќи при работа.