Работник од “Паркови и зеленило” од Гостивар е тешко повреден

На 23.08.2018 година околу 12.40 часот во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ бил донесен Џ.З.(53) од Гостивар, вработен во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ од Гостивар, со тешки телесни повреди. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека изведувал работи на улица „Гоце Делчев“, го отворал хидрантот за да го наводнува зеленилото, но се сопнал на синџирот од оградата, паднал и се повредил. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кликни тука за повеќе: Работник од “Паркови и зеленило” од Гостивар е тешко повреден | opserver.mk

Hits: 23

Posted in Несреќи при работа.