Несреќа при истовар – двајца работници итно пренесени на скопските клиники

Двајца работници итно пренесени на скопските клиники. Како што информираат од МВР, вчера  во  22.13 часот во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, со повреди биле донесени М.З.(50) и П.О.(56), двајцата од Скопје, вработени во приватна фирма. При истовар на песок во кругот на фабриката „Железара“ од камион, се откачила приколката и тие се здобиле со повреди.

Posted in Несреќи при работа.