Возач е повреден откако камион се преврте кај Битола

Во тешка сообраќајна несреќа кај Битола, повреден е возач. Според полицијата, вчера околу 16,10 часот на магистралниот пат Ресен-Битола, кај местото викано „Црвен” товарно моторно возило ,,мерцедес” со битолски регистерски таблици управувано од С.С.(61) од Битола се превртeло.

Во незгодата С.С. се здобил со повреди, по што бил пренесен во Јавната здравствена установа во Ресен за укажување на лекарска помош.

Сообраќајот на делницата од Ресен до Макази поради истурен товар од товарното возило бил во целосен прекин од 16,20 до 21,30 часот.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен и се работи на целосно расчистување на случајот.

Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/vozach-e-povreden-otkako-kamion-se-prevrte-kaj-bitola

Hits: 26

Posted in Несреќи при работа.