Додека сечел дрво, му паднала гранка врз глава

Албански државјанин вчера починал од повреди откако на глава му паднала гранка додека сечел дрво со моторна пила.

Според СВР Тетово, албанскиот државјанин К.Ц. ( 53 ) вчера претпладне во шумско подрачје во атарот на селото Лазарополе, во месноста „Јама“, сечел буково стебло со моторна пила. Во еден момент врз главата му паднала една гранка и загубил свест.

Повредениот работник со возило на Националниот парк „Маврово“ префрлен е во дебарската болница, а отаму во охридската болница „Свети Еразмо“ каде што утрово им подлегнал на здобиените повреди.

Албанскиот државјанин бил ангажиран преку струшка фирма, која имала тендер за сечење и транспорт на огревно дрво во регионот на Лазарополе.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле комплетен увид и работат на расветлување на околностите кои довеле до несреќата

ИЗВОР: https://republika.mk/956308

Posted in Несреќи при работа.