Паднал од покрив на куќа: Гостиварец со тешки повреди итно пренесен на скопските клиники

На Ургентното одделение во гостиварската Општа болница „Ферид Мурат“ вчера околу 17:30 часот бил донесен 42-годишниот Р.Ш. од Долна Бањица, кој  паднал од покрив на куќа во околното село Балиндол и задобил тешки телесни повреди ( скршеница на лев колк), информираат од СВР Тетово.

Повредениот ги заменувал ќерамиидите на покривот, загубил рамнотежа, се лизнал и паднал во дворот пред куќата од височина од околу 7 метри.

По укажаната лекарска помош, со медицинско возило итно е префрлен и задржан на скопските клиники.

Извршен е комплетен увид и се расветлуваат сите поединости поврзани со овој случај.

Извор: https://kurir.mk/makedonija/hronika/padnal-od-pokriv-na-kukja-gostivarec-so-teshki-povredi-itno-prenesen-na-skopskite-kliniki/

Posted in Несреќи при работа.