Четврта Меѓународна конференција за регионална соработка OSH ACCORD

Светот во кој живееме и работиме се менува од секој аспект со неверојатна брзина и на различни начини речиси секој ден. Правилата за живеење и работа добиваат нови вредности кои многу често се следени и разбрани од луѓето. Поради тоа, во насока на основниот столб на превентивното работење, циклусот на континуиран развој, проценка на ризикот на работното место, прво треба да се свртиме кон самите себе. Треба да се фокусираме на засегнатите страни на нашата професија и да почнеме да даваме взаемна поддршка и размена на знаења и искуства. Само на тој начин ќе можеме да се развиваме и да овозможиме нашата професија да одговара на предизвиците на модерното работно место.

Целта на оваа конференција е да ги утврди насоките и фокусите на идните истражувања и развојот на безбедноста и здравјето при размена на теоретски и практични искуства. Во текот на воспоставувањето на релацијата помеѓу институциите за заштита при работа, ќе се одвива континуирана соработка помеѓу сите заинтересирани страни за БЗР.

За таа цел, Македонското здружение за заштита при работа, Ве известува дека ќе организира заедничка посета на сите заинтересирани од Македонија за присуство на ЧЕТВРТАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА која ќе се одржи во хотел “Емералд “ Приштина, Косово  во период од 01-03.11.2018 во склоп на одбележување на Европската недела за безбедност при работа.

ПОКАНА

 

 

Posted in Новости and tagged , , , , , .