Камион излетал од пат, возачот загинал

Возач на камион загинал, а сопатник бил повреден кога камионот во кој се возеле излетал од патот и удрил во дрво, вчера на регионалниот пат Прилеп-Кичево. Според полицијата, животот го загубил Р.З.(60) од селото Самоков, Македонски Брод.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случичила во 12.05 часот, во атар на селото Русјаци. Камион „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал Р.З. излетал од патот и удрил во дрво. ОД ударот возачот се здобил со тешки повреди, но починал на пат за болницата во Прилеп.

Сопатникот С.А. (18) од село Ковче, Македонски Брод, бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Македонски Брод. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција

Извор:https://www.mkd.mk/crna-hronika/kamion-izletal-od-pat-vozachot-zaginal

Visits: 107

Posted in Несреќи при работа.