Еден повреден при пожарот во клубот ,,Станица 26″

Еднo лице се здобилo со изгореници при пожарот кој избувна на клубот ,,Станица 26″ во центарот на Скопје. Полицијата информира дека станува збор за работник кој бил ангажиран да изврши ситни поправки на покривот. Тој се здобил со мали изгореници и отишол во Ургентен центар-Скопје, каде му се констатирани телесни повреди, по што е пуштен на домашно лекување.

Пожарот избувна вчера во 15.00 часот во Скопје на улицата „Јордан Мијалков“ во угостителски објект ,Станица 26“. Изгорена е внатрешноста на објектот и делумно е оштетен покривот. Пожарот е изгаснат од екипа од БППЗ во 15.50 часот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

https://tocka.com.mk/vesti/282283/eden-povreden-pri-pozarot-vo-klubot-stanica-26

 

Hits: 17

Posted in Несреќи при работа.