Семинар за користење на е-алатки за безбедност и здравје при работа поврзан со професионалното возење/ транспорт.

На 18 и 19 септември, Европската агенција за безбедност и здравје при работа ќе реализира семинар за користење на е-алатки за безбедност и здравје при работа поврзан со професионалното возење/ транспорт.
Целта беше да бидат споделени искуства и информации во развојот, усвојувањето, користењето, промоцијата и одржувањето на алатките. Преку презентациите кои беа демонстрирани, се разговараше за предизвиците поврзани со унапредување, одржливост, како и десиминација на знаењето кумулирано од употребата од алатките до крајните корисници.

Губење на контрла врз возилото е главна причина за несреќите. 42% лесни возила, 24% товарни возила е процентот на учество во несреќите во транспортот на стоки и луѓе, во ЕУ.

Семинарот имаше за цел да се стимулира користењето на е- алатките во областа на безбедноста и здравјето при работа, како и да се потикне соработката помеѓу БЗР институциите.

Visits: 175

Posted in EU OSHA FOP, Новости.