„Штиците што живот значат“

Додека театарот обезбедува забава за посетителите, подготовката и продукцијата на настапите во живо може исто така да претставуваат опасност за оние кои што работат во сите аспекти на театарот – од актерите до дизајнерите позади сцената.

Сите тие најчесто се поставени пред мислата- Шоуто мора да продолжи. Театарот има две сцени; eдната е онаа што ја гледа публиката, а другата е позади сцена. Активности кои се прават пред, за време и по одржување на претставата вклучуваат физико управување: местење на светла, сценографија, поставување реквизити и специјални ефекти. За време на подготовката, постои опасност од паѓање, повреда од тешки предмети итн.

Некои од овие опасности беа наведени во последниве години, кога повеќе актери беа повредени во текот на продуцирањето на „Спајдермен“. Несреќите вклучуваа повреди здобиени за време на летање и при ракување со опрема.

Со комплексноста на театарската продукција, се зголемува бројот на потенцијални опасности. Всушност, една опасност, е претставена во мјузиклот “Фантомот на операта” кога актерот Брет Михаелс беше повреден по глава. Други потенцијални опасности во театарот вклучуваат: повторувачки дејствија, хемиски експозиции, губење на слухот предизвиканo од бучава, електрични опасности, пад од височините итн.

Во 1990 година, Националниот институт за безбедност и здравје при работа (NIOSH) доби заедничко барање од Акционата капитална асоцијација и Лигата на американските театри и продуценти да ги испита можните здравствени ефекти поврзани со употребата на театарскиот “чад” во бродвејските продукции. Истражителите на NIOSH земале примероци од воздух и спровеле прашалник на актери во четири бродвејски продукции кои користат театарски “чад” (Les Miserables, Miss Saigon, Fantom of the Opera и Grand Hotel) за да утврдат дали имало мерливи респираторни ефекти кај изведувачите. Истражувачите на NIOSH го спроведоа истиот прашалник за актери во пет бродвејски продукции во кои не се користеше театарски “чад”.NIOSH пронајде докази дека присуството на театарскиот “чад” пронајден во театрите е можна причина за професионална астма кај изведувачите. Извештајот NIOSH забележува дека некои од составните делови на театарскиот “чад”, како што се аеролизирани гликоли и минерални масла, можат да предизвикаат иритација кај некои индивидуи.  Во 1984 година, од NIOSH беше побарано да ги утври причините за главоболки и гадење кај музичарите кои што имаат изведби на музичката комедија “La Cage aux Folles”. Еден можен извор на изложеност беше трихлороетан (исто така наречен метил хлороформ), главниот исцрпен раствор кој се користи за чистење на носии зад сцената. Истражувачите на NIOSH откриле дека музичарите и другите театарски работници се непотребно изложени на ниски концентрации на трихлороетан.

Секоја театарска опасност има специфен пристап за превенција.

Неретко слушаме- „Штиците што живот значат“. Го отвараме прашањето- колку во практиката, во домашните театри, театарските уметници работат во безбедни и здрави работни услови? Дали позади сјајот кој го гледаме на сцената, се крие една друга слика и претстава?

Потребно е да осигураме дека оние кои работат да ги обезбедат прекрасните сцени, возбудливи акробации, енергични танцови, музички точки работат во безбедна средина.

Visits: 280

Posted in Новости.