Работник тешко повреден, додека работел на покрив му се слошило и паднал врз хауба

Вчера околу 12,25 часот во село Русиново, беровско, пријавено е дека додека Ј.М.(65) од Берово работел на кровот од куќа сопственост на Ј.Ч., му се слошило и паднал во безсознание, при што почнал да се лизга по керамидите и паднал на предната хауба од патничко моторно возило – Џип „Уаз“.

Ј.М. со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Здравствен дом Берово од каде поради карактерот на повредите бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извор

Hits: 7

Posted in Несреќи при работа.