Европска недела за безбедност и здравје при работа- промотивни материјали

Наближува Европска недела за безбедност и здравје при работа ( 22-26.10).

На 22 октомври, Европската агенција за безбедност и здравје при работа заедно со своите партнери ќе го поттикне учеството за активно вклучување во кампањата „Управување со опасни супстанци“.

Mакедонското здружение за заштита при работа како focal point на Европската агенција за безбедност и здравје при работа, традиционално се вклучува кон промовирање на кампањата и одбележување на Европската недела.

Приклучете се и вие реализирајќи активности во вашата компанија! Допрете до работниците на сите нивоа за важноста од безбедно управување со опасните супстанци.

За таа цел, веруваме дека од корист ќе ви бидат и промотивните материјали од овогодинешната кампања кои се достапни на нашата веб страна.

Отвори, данлодирај, промовирај, вклучи ги вработените, колегите, блиските, направи видео запис, сподели, повикај не.

   

Hits: 209

Posted in EU OSHA FOP, Новости.