Mапа на канцерогени супстанци / Roadmap on carcinogens

Драги пријатели,

43-та недела од 2018 година е Европска недела за безбедност и здравје при работа, која е ипсолнета со интересни настани. Би сакале да Ве информираме со нови податоци по однос на мапата на канцерогени супстанци.

Европска недела
Стартот на Европската недела за безбедност и здравје при работа, 43-та недела од 2018 година,  секоја година е со одбележување на кампањите за здрави работни места. Фокал Поинт организациите на Европската агенција за безбедност и здравје при работа, ширум Европа организираат настани за подигнување на свеста, со посебен акцент на кампањата 2018-2019 за опасни супстанци. Нетрпеливи сте да дознаете што всушност се случува? Погледете тука за преглед на активностите.

Осум дополнителни хемикалии – причинител за канцер, опфатени од CMD
На 11.10.2018 година, Европскиот совет и Европскиот парламент, го дефинираа вториот амандман од Директивата за карциноми и мутагени супстаци (CMD), која вклучува дополнителни 8 хемикалии причинител за канцер, меѓу кои е и дизел издувни гасови. Директивата опфаќа 22 хемикалии причинител на канцер, од кои 21 беа додадени уште на стартот на мандатот на Комисијата чиј претседател е Јункер. На следниот линк можете да ги најдете дополнителените 8 супстанци, причинетел за канцер.

Втора група на информативни летоци на интернет!
На веб страницата на мапирањето на канцерогените, додени се повеќе факти, во вкупен број од 18 различни факти. Некои од новите супстанции објаснети преку факти се: никел, олово и хидразин. Багодарение на Фокал Поинт организациите на Европската агенција за безбедност и здравје при работа, објавени се 13 јазични верзии за азбест, полициклични ароматични јаглеводороди (PAHS), винил хлорид, хром VI, прашина од дрва, заварувачки гасови, силика и бензен. Секој од фактите елаборарира за 1) каде се појавуваат ризици, 2) повеќе за супстанцијата, 3)делување на симптомите и 4) што може да направите. Погледнете ги фактите на следниот линк.

Пакет за презентериње и превземање
Нетрпеливи сме да дискутираме за канцерогените со Вашата организација, но дали би сакале помош преку презентација? Поставивме лесен пристап за употреба на презентацијата за мапата на канцерогени супстанци на веб страницата, се со цел полесно да ја споделите приказната и да се изнајдат повеќе добри практики за ширање на познавањето на канцерогените. Презентацијата можете да ја превземете преку следната страница, заедно со две анимации кои визуелно ја поддржуваат приказната.
Со нетрпение очекуваме совети, предлози, забелешки и/или прашања што можеби ги имате. Ако сакате да ги споделите со нас, Ве молиме да ги испратите на info@roadmaponcarcinogens.eu.

 

Hits: 69

Posted in EU OSHA FOP, Новости.