Успешно реализирана обука за претставници на синдикални организации и здруженија

На 24 и 24 октомври беше организирана обука на тема „Законот за безбедност и здравје при работа (БЗР) и улогата на синдикалните претставници”.

Учесници на оваа обука беа претставници на синдикални организации и здруженија, кои работат активно во полето на БЗР и унапредување на работните услови.

Тие се постојани вклучени во процесите на следење на политиките, стратегиите и програмите во областа на БЗР, во рамките на синдикалните организации и здруженија.


Теми кои беа обработувани за време на обуката се следниве:

• Закон за БЗР- вклученост на работниците преку претставниците;

• Паралела помеѓу стручно лице за безбедност при работа и претставник на работниците за безбедност и здравје при работа;

• Подзаконски акти од законот за БЗР, изјава за безбедност и проценка на ризици;

• Повреди на работни места, јакнење на капацитети на претставниците, итн.

Учесниците на обуките се стекнаа со експертиза од областа на улогата на синдикалните организации во областа на БЗР, со што дополнително ќе се зајакнат капацитетите на синдикалните организации и здруженија.

 

Hits: 12

Posted in Новости.