Еден загинат, четири лица повредени: Комбе со вработени се преврте кај „Јасен“, му откажале сопирачките

Млад човек, вработен во јавното претпријатие „Јасен“, утрово управувајќи со службено возило, откако му откажале сопирачките, загинал на лице место.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа во резерватот „Јасен“.

Според првичните информации, несреќата се случила кога на службено возило – комбе, во кое се превезувале петмина вработени во јавното претпријатие „Јасен“, му откажале сопирачките и се превртело.

Притоа, еден од патниците починал, возачот е потешко повреден, додека останатите патници се здобиле со полесни повреди.

По извршениот увид, дежурниот јавен обвинител нареди обдукција на телото на починатиот работник, како и вештачење на возилото во кое се превезувале работниците. Меѓудругото, ќе се проверува и сервисната историја и претходното одржување на возилото.

ИЗВОР: https://sitel.com.mk/eden-zaginat-chetiri-lica-povredeni-kombe-so-vraboteni-se-prevrte-kaj-jasen-mu-otkazhale

Hits: 3

Posted in Несреќи при работа.