Повреден работник во рудникот Саса

Работник бил повреден вчера во рудникот Саса – Македонска Каменица.

Како што соопшти МВР, вчера во 05.20 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, вработен во рудникот Саса пријавил дека околу 03.30 часот во јама во рудник Саса-Македонска Каменица при вршење работа со повреди се здобил Љ.С.(52) од Македонска Каменица кој за укажување на лекарска помош бил препратен во болницата во Кочани.

Увид на местото на настанот извршиле полициски службеници од ПС Делчево.

За настанот се известени Основен јавен обвинител и трудов инспектор од Делчево. Се работи на расчистување на случајот.

ИЗВОР: Нова Македонија

Hits: 4

Posted in Несреќи при работа.