Конференција: „Младите во синдикатите“.

На 30.10 во организација на Сојуз на синдикати на Македонија, Секција млади, беше организирана конференција „Младите во синдикатите“.
Целта на оваа Конференција беше да презентира и стави на дискусија улогата на младите во синдикалното организирање, а во насока на континуирано влијание врз афирмирање и унапредување на нивната социо- економска положба во државата.
„Младите во секое општество преставуваат движечка сила на општествениот и економскиот развој во државата.

Cтапката на невработени лица на возраст од 15 до 24 години е 47.6%. Високата стапка значи загуба на инвестициите во образованието и обуката, намалена даночна основа и повисоки социјални трошоци, а истовремено долгите периоди на невработеност во раните фази на животот негативно влијаат врз изгледите за вработување во текот на целиот работен век на младите луѓе“, рече Ирена Ивановска, претседател на Секцијата на млади на ССМ.
Младите работници во голема мера се значително обесхрабрени работници, лица кои не се активни, со неформално вработувања. Односно, лица кои се особено ранливи и на кои им е потребна посебна помош и поддршка за враќање на нивната самодоверба, да се мотивираат и да им се активно да се вкучат во пазарот на труд.
Национална стратегија за млади 2016-2025 година се укажува дека еден од клучните проблеми со којшто се соочуваат младите во земјава е високата стапка на т.н. младинска невработеност.

Ева Елерајт од Фондација Фридрихт Еберт на конференцијата потенцирааше дека синдикатите се важни за демократските процеси, а се малку позаборавени од цивилното општество. Синдикатите имаат големо влијание, смета таа, со што на младите треба да им се даде глас и структура.

Hits: 29

Posted in Новости.