Ефекти од примената на мерките за безбедност и здравје при работа и предлози нов закон/ измени и дополнувања на постоечкиот

На 31.10 Организација на работодавачи организираше тркалезна маса за ”Ефекти од примената на мерките за безбедност и здравје при работа и предлози нов закон/ измени и дополнувања на постоечкиот”

Во изминатиот период, од нивна страна беше направено истражување во кое ги утврди следните предизвици:


Првиот предизвик е: „Како да ја зголемите улогата и влијанието на стручните лица вработени во компаниите и да ги зголемиме нивните ингеренции;
Вториот предизвик е: прецизно да се дефинираат обврските и особено одговорностите на сите чинители во областа на безбедноста и здравјето при работа;
Третиот предизвик е: Да се зголеми улогата на Националниот совет за безбедност и здравје при работа во следењето на имплементацијата на законот и предлагање на мерки за негово подобрување;
Четвртиот предизвик е: Да се прецизираат надлежностите на овластените правните и физичките лица за безбедност и здравје при работа и да се направи дистинкција помеѓу стручните лица со положен и не положен стручен испит за БЗР;
Петиот предизвик е: Да се утврди одговорноста на надворешните стручни лица за извршените работи во областа на БЗР во компаниите;
Шестиот предизвик е : Да се разграничат обврските според ЗБЗР со обврските од Законот за заштита и спасување и Законот за пожарникарство;
Седмиот предизвок е : Воведување на одредби во законот за алкотестови и користење на опојни дроги на работното место;
Осмиот предизвик е: Да се прецизираат обврските на работодавачите за обврските за обука за БЗР и
Деветиот предизвик е: Да се усогласи Законот со сите Директиви, Конвенции и да се направи компатибилен со целокупната документација на ЕУ која ја регулира оваа проблематика.

Hits: 45

Posted in Новости.