„Најголем дел од упатените работници од Македонија не ги уживаат основните социјални права“

Пазарот на трудот во Македонија сѐ уште манифестира бројни ефекти од долгиот процес на политичка и економска транзиција, како ниска стапка на вработеност, неформална вработеност и високи стапки на неактивност на населението.
Голем број работници од Македонија, особено во градежната индустрија, често се упатуваат да работат во Германија, Словенија и други земји од Европската унија. Најчесто тие се ниско платени, живеат во лоши услови,ја немаат потребната документација, не ги уживаат основните социјални права.

Македонија нема унифициран систем на податоци колку реално имаме одлив на работници, како и нивни карактеристики. Кохерентна законска рамка која го опфаќа овој проблем не постои. Дефинирано е преку различни аспекти на различни закони. Не постои соодветна инстиуционална поставеност на јавните надлежности. Постои недостаток на човечки ресурси кои ќе го мониторираат процесот. Нема познат судски случај кој решавал несреќа при работа на упатен работник од Македонија. Но тоа не значи дека не постојат. Затоа потврдуваат новинарските написи. На многу од упатените работници не им се плаќа здравствено и социјално осигурвање и тоа го откриваат дури кога ќе им се случи повреда на работното место. Според истражување кое беше споделено на вчерашната работилница најчести заболувања и повреди се случуваат при работење со токсичен отпад, опасни супстанци, а работодавачите не им обезбедиле соодветна заштита. Колку е подолг синџирот – од работодавачот до работникот толку повеќе одговорноста се префрла. Затоа се препорачува пред работникот да биде упатен да биде информиран за законските акти за безбедност и здрвје при работа во земјата каде оди. Затоа што покрај унифицираните стандарди, постојат и специфични за секоја земја.

Интенцијата на оваа работилница беше придонес кон ЕУ интеграциите во Македонија, во поглавјето „Слободно движење на работниците“ преку зајакнување на капацитетите и отворена, партиципативна дебата со вклучување на сите засегнати страни.
На настанот беа присутни претставници на јавните институции, синдикатите и граѓанските организации, а Директивата за упатување работници од Источна Европа ја претстави Сонила Данај, истражувач, чија докторска дисертација е на тема: упатување работници.

Hits: 102

Posted in Новости.