Трагедија во Припор – еден работник загина, друг е повреден по одрон на земја

Еден работник загина, а еден е повреден откако врз нив паднала земја од одрон. Работниците се од приватна градежна фирма Баџак инженеринг, а биле ангажирани за изградба на потпорен ѕид на улицата Христо Татарчев на 14-от крај. Попладнево додека изведувале градежни работи на потегот во населбата Припор дошло до одрон на земја.

Од општината велта дека во интерес на истрагата неможе да се соопштат повеќе информации, се чека извештај од Јавен обвинител и МВР, со кои Општината ќе соработува.

Едниот работник со телесни повреди е брзо извлечен и однесен на лекување во градската болница Наум Охридски. Од градска болница дознавме дека повредениот работник е е во стабилна општа состојба и е пратен на домашно лекување. Тој нема потешки повреди освен набиено рамо и стапало.

Работникот кој бил поблиску до потпорниот ѕид заврши со фатални последици. Долго време полицијата го блокираше приодот до местото на несреќата. Се чекаше да пристигне екипа на крим техника, како и увид да изврши надлежен јавен обвинител кој ќе ја води истрагата за трагичната несреќа.

Фирмата Баџак инженеринг од Скопје била избрана од страна на општина Кисела вода  со која е потпишан договор за изведба на проектот по извршена јавна набавка. На телефонскиот повик од компанијата Баџак инженеринг ни одговорија дека денес нема никој во канцеларијата и нема кој да одговори на нашите прашања.

ИЗВОР: 

Hits: 19

Posted in Несреќи при работа.