Беровец загина во несреќа со трактор

Беровец загина во несреќа со трактор

Во село Двориште, Беровско, вчера, во претпалдневните часови, 39-годишен жител од истото село, додека управувал трактор „ИМТ 539“, без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал во бездна превртувајќи се неколкупати, инфромираат од МВР.

Како што посочија од полицијата, поради добиените повреди од несреќата, мажот со возило на итната медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица, каде што околу 13.30 часот им подлегнал на повредите.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Берово. Од полицијата додаваат дека се работи на целосно расчистување на случајот.

ИЗВОР

Hits: 5

Posted in Несреќи при работа.