Прилепчанец тешко повреден по пад во сала на битолскиот Универзитет

Прилепчанец тешко повреден по пад во сала на битолскиот Универзитет

Педесет и петгодишен прилепчанец тешко се повредил кога паднал од поголема височина во Битола.

Како што информираат од МВР, прилепчанецот во пладневните часови на 6 декември поставувал осветление во сала на објектот на Универзитетот во Битола, при што паднал и добил тешки повреди.

По падот, му била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Битола, а полицијата извршила увид на местото на настанот.

ИЗВОР

Hits: 19

Posted in Несреќи при работа.