Тешко повреден додека чистел оџак во Гостивар

Шеесет и четири годишен гостиварец се здобил со тешки телесни повреди од пад од покрив. СВР Тетово соопшти дека вчера (2 јануари) околу 17 часот и 30 минути во гостиварската општа болница бил донесен 64-годишниот гостиварец Ќ.А, кој половина час пред тоа, чистејќи го оџакот на својата куќа, се лизнал и паднал од покривот, на просторот помеѓу соседната куќа.

Повредниот гостиварец по укажаната лекарска помош во Гостивар, бил префрлен на скопските клиники.

Полицијата соопшти дека е извршен увид и се расветлуваат сите поединости поврзни со овој случај.

Извор: https://gostivarpress.mk/teshko-povreden-gostivarets-padnal-od-pokriv-chistejki-odhak/

Hits: 82

Posted in Несреќи при работа.