Повреден работник од Фабриката за акумулатори во Пробиштип

На 10.01.2019 година во 23.00 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во Здравствениот дом Пробиштип со повреди бил донесен С.М.(27) од Пробиштип. Според пријавата, тој се повредил при извршување на работни задачи во Фабриката за акумулатори во Пробиштип. По укажаната помош во Пробиштип, С.М. бил пренесен во Клиничката болница во Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повреден работник од Фабриката за акумулатори во Пробиштип

Visits: 158

Posted in Несреќи при работа.