Полицаец отишол да врши увид на сообраќајка па го прегазил автомобил

Синоќа околу 18.00 чaсот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, минибус „Аутосан“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С.П. удрил во пешакот П.Ц. (58).

Пешакот од ударот се здобил со телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница – Велес и по укажаната медицинска помош бил пуштен на домашно лекување.

Од полицијата информираат дека за време на увидот, околу 18.30 чaсот, полициски службеник, додека вршел обезбедување на местото, бил удрен од патничко возило „Фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управуван од А.Н.(45) од Велес. Од ударот полицискиот службеник се здобил со телесни повреди и со службено возило бил пренесен во Општата болница Велес. По укажаната помош тој бил пуштен на домашно лекување.

Екипи на СВР Велес извршиле увид на местото на настанот.

Незапаметена несреќа во Македонија: Полицаец отишол да врши увид на сообраќајка па го прегазил автомобил

 

Hits: 81

Posted in Несреќи при работа.