Работник се повреди со циркулар

Околу 11 часот и 30 минути, во Полициската станица Гостивар пријавено е дека во фабрика лоцирана на улица „Илинденска“ во Гостивар, работејќи на циркулар  се повредил 24-годишниот Е.Е. од Гостивар.

Тој се здобил со тешки телесни повреди на десната рака и е пренесен во општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар и по укажаната помош, пуштен е на домашно лекување.

Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.

https://www.press24.mk/rabotnik-se-povredi-so-cirkular-nesrekja-vo-makedonija

Visits: 126

Posted in Несреќи при работа.