Повреден возач по удар со камион во транспортната лента за руда на Фени

Триесет и двегодишен возач синоќа со товарно возило “ман” удрил во транспортната лента за руда на “Фени”, па со телесни повреди завршил во кавадаречката болница.

Верољуб Додевски, портпарол од СВР Велес соопшти денеска дека несреќата во која возилото се превртело на коловозот, се случила на регионалниот пат Кавадарци -мотел  Дреново.

Возачот бил задржан на лекување во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци.

Извршен е увид на местото на настанот.

Кавадарци: Повреден возач по удар со камион во транспортната лента за руда на Фени

Hits: 88

Posted in Несреќи при работа.