Несреќа утрово во рудникот Бучим – загина рудар

Срцев удар е причината за смртта на Љупчо Наков, вработен во рудникот „Бучим“ во Радовиш, вели за МИА, заменик менаџерот, Николајчо Николов. Наков бил вработен како возач на цистерна за нафта, но во критичниот момент, на друг возач на цистерна му покажувал каде треба да се движи со цистерната низ рудникот, што е површински коп. Николов реагираше и на лажните вести што се појавија на одредени веб портали за смртта на Наков во радовишкиот рудник.

– Во оваа прилика ми е многу жал што некои портали објавија веќе дека во рудникот „Бучим“ загинал работник, кој паднал од голема висина. Жал ми е што луѓето си дозволуваат да објавуваат такви непроверени информации, при што треба да се има во предвид дека Љупчо Наков има свое семејство и сите кога ќе слушнат ќе се прашуваат што е вистината, вели Николов.

Имено, починатиот работник бил регистриран дијабетичар, а имал и срцеви проблеми. Во моментот кога му се слошило, од страна на медицинската екипа на „Бучим“ е префрлен во Здравствениот дом во Радовиш, каде лекарите констатирале смрт.

Несреќа утрово во рудникот Бучим – загина рудар

Hits: 9

Posted in Несреќи при работа.