In memoriam- Проф. Д-р Тодор Kралев

 

Aсистент на Машинскиот факултет во Белград (1971-1972) и на Економскиот институт во Скопје (1973–1974), наставник на Машинскиот и на Електротехничкиот факултет во Скопје од 1975 година, ангажиран наставник и на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и на Економските факултети во Штип и Скопје, наставник на постдипломските студии на Машинскиот факултет и на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања Скопје, иницијатор за отворање на Интердисциплинарните студии по заштита при работа и долгогодишен декан на овие студии, иницијатор за отворање на Интердисциплинарните студии по инженерство на животната средина и декан на тие студиите. Видлив придонес при иницијативата и конципирањето на насоката за индустриско инженерство и менаџмент на Машинскиот факултет во Скопје, наставник на студии од втор циклус на неколку приватни Универзитети во Република Македонија, автор на 192 научни, научностручни и стручни трудови, објавени во релавантни домашни и меѓународни списанија, добитник на награда (1983 година) од Стопанската комора на Белград во знак на признание за докторската дисертација одбранета на Машинскиот факултет во Белград, добитник на наградата ,,Гоце Делчев“ (1993 година) како општествено признание за особено значајни остварувања од интерес за Републиката од областа на науката, за трудот ,,Индустриски менаџмент“ I и II дел, редовен професор на Факултетот за туризам, , по предметите основи на менаџментот, современ менаџмент, оперативен менаџмент, претприемаштво и деловна логистика и проректор за наука и развој на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Hits: 103

Posted in Новости.