Повик за учество во изборот за доделување на Национална награда за добра пракса за БЗР за 2018

Повикот за учество во изборот за доделување на Национална награда за 2018 година трае до 25 март 2019 година до кога е и крајниот рок за пријавување на компаниите. Заинтересираните компании треба да го пополнат БАРАЊЕТО за аплицирање.

Наградата и оваа година ќе се додели во три категории:

  • мали компании (до 50 вработени)
  • средни компании (до 250 вработени)и
  • големи компании (над 250 вработени)

Изборот ќе биде направен од страна на независна комисија составена од експерти во областа.

Пополнетите апликации треба да се достават до определениот рок на следните e-mail адреси: jasmina.chaloska@mf.edu.mk  и ddocinski@mtsp.gov.mk .

Свеченото доделување на годишните награди ќе се одржи во рамки на одбележувањето на „Светскиот ден за безбедност и здравје при работа 28 април“.

Повеќе информации на:

http://mtsp.gov.mk/pocetna-ns_article-povik-za-ucestvo-vo-izborot-za-dodeluvanje-na-nacionalna-nagrada-za-dobra-praksa-na-bzr-2017.nspx

Hits: 178

Posted in Новости.