Работник тешко повреден откако паднал и удрил во метален профил

Работник на 49-годишна возраст од Кавадарци, вчера бил тешко повреден, откако паднал и удрил во метален профил, информира попладнево Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

По укажаната помош во Општа болница-Кавадарци, работникот Ј.Г. бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Работник тешко повреден откако паднал и удрил во метален профил

 

Hits: 73

Posted in Несреќи при работа.