Малолетници каменувале воз, повреден машиновозачот

Воз кој сообраќал од железничката станица Ѓорче Петров во правец на железничка станица Скопје Север, на влезниот сигнал  на  железничката станица Скопје Север, бил каменуван од неколку малолетни лица на возраст од 12 до 15 години.

МВР соопшти со телесна повреда се здобил машиновозачот З.Р. (50) од Скопје, бидејќи скршено билo предното стакло од неговата кабина.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ИЗВОР

Hits: 74

Posted in Несреќи при работа.