УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

Безбедноста и здравјето при работа општо се дефинира како наука за предвидување, препознавање, проценување и контрола на опасностите кои се јавуваат во или од работното место. Широк спектар на структури, вештини, знаење и аналитички капацитети се потребни за да се координираат и имплементираат сите елементи кои ги сочинуваат националните системи на безбедност и здравје при работа, така што заштитата достигнува до работниците и животната средина. Позитивното влијание од воведувањето на системите за управување со безбедност и здравје при работа на ниво на организација, како за намалување на опасностите и ризиците, така и на продуктивноста, денес е признаено од страна на Владата на Република Македонија, работодавачите и работниците.

Со цел да се информираат корисниците, за променливите методологии од областа на безбедност и здравје при работа, како што е и правилното управување со опасни материи и отпад, со што се помага во одржување на здрава и безбедна средина, Стопанската комора на Македонија на 21 март 2019 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“.На семинарот присутните ќе се стекнат со неопходни познавања за опасниот отпад и одредени компетенции за управување со истиот.

ПРОГРАМА

I. Закон за управување со отпад:
– Општи одредби;
– Примена на Законот;
– Делокруг и основни дефиниции.

II. Начела за одржливо управување со отпад

III. „Правилникот за опасни супстанции, гранични вредности (прагови) за присуство на опасни супстанции и критериуми или својства според кои супстанцијата се класифицира како опасна – Закон за безбедност и здравје при работа“

IV. Eу-регулатива

Својства на опасен отпад:
– Реактивност;
– Запаливост;
– Токсичност;
– Канцерогеност;
– Мутагеност;
– Еко-токсичност;
– Експлозивност;
– Инфективност.

V. Опасности и штетности од управување со опасни материи и опасен отпад

VI. Управување со ризикот при ракување со опасни материи и опасен отпад

VII. Содржина на програмата за управување со отпадот, којашто ја донесува надлежниот орган за вршење стручни работи во животната средина:

– Програми на правните и на физичките лица за управување со отпадот;
– Обврски на општините и градот Скопје за управувањето со комуналниот и со другиот неопасен отпад;
– Складирање на отпадот.

VIII. Постапување со инертниот отпад

IX. Постапување со опасен отпад, правила за постапување со опасниот отпад:

– Општи правила за постапување со опасниот отпад;
– Забрана за мешање на опасен отпад;
– Постапување со измешан отпад;
– Задолжително евидентирање и класифицирање на опасниот отпад;
– Идентификационен формулар за опасен отпад;
– Испитување на карактеристиките на отпадот;
– Услови за добивање овластување за испитување на карактеристиките на отпадот.

X.  Надзор и надлечни органи – Делокруг на државниот инспектор за животна средина  – мониторинг:

– Организација на мониторингот на управувањето со отпад;
– Обем и содржина на мониторингот и управување со податоците;
– Обезбедување мониторинг.

XI. Заклучоци

Агенда

пријавен лист

Visits: 1023

Posted in Новости, Обуки.