Повреден вработен при вооружен грабеж на бензинска пумпа кај Миладиновци

Вчера околу 20:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од село Бујковци кон село Миладиновци, скопско, непознат сторител се обидел да изврши разбојништво над С.С.вработен во бензинска пумпа и испукал куршум во него, по што побегнал.

На С.С. му е констатирана телесна повреда во болницата „Свети Наум Охридски“, а во врска со случајот приведено е едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗВОР: https://kurir.mk/makedonija/hronika/povreden-vraboten-pri-vooruzen-grabez-na-benzinska-pumpa-kaj-miladinovci-razbojnikot-priveden/

Hits: 76

Posted in Несреќи при работа.