Семинар за зајакнување на капацитетите и внатрешното управување за спроведување на активностите за БЗР- СГИП

На 22 и 23.03.2019 година, Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија – СГИП преку грантова шема на МЗЗПР за спроведување на проектот: “ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ И ВНАТРЕШНОТО УПРАВУВАЊЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА И ПРИЛАГОДУВАЊЕ СПРЕМА ЕВРОПСКИТЕ ПРОПИСИ”, реализираше семинар.

Целта на овој семинар беше преку обука на членови на органите на СГИП да се зајакнат капацитетите на самата организација како и да се согледаат Актите поврзани со Безбедност и здравје при работа согласно Европските прописи и регулативи. Воедно да се  подигне и свеста на вработените со цел поголема грижа за здравјето при работа како и да помагаат на колегите во својот делокруг на работа.

Запознавањето на учесниците беше преку примери од страна на Проф. Лазар Јовевски и Иван Пешевски со компаративна анализа на податоците од земји членки на ЕУ со посебен акцент на улогата на Синдикатот и Претставникот на работниците за Безбедност и здравје при работа. Претставниците од органите и телата на СГИП всушност повеќе се запознаа со Европската директива 89/391 споредена со нашето законодавство од Законот за Безбедност и здравје при работа.

Теми на семинарот:

Kомпаративна анализа на податоците и практиките од ЕУ со домашното законодовство со посебен акцент на улогата на Синдикатот во спроведување на безбедноста и здравјето при работа, Добри пракси за улогата на Синдикатот во областа Безбедност и здравје при работа, Улогата на членовите од органите и телата на СГИП во спроведувањето на безбедноста и здравјето при работа, Прилагодување на Актите на СГИП за БЗР согласно ЕУ регулативата за БЗР.

 

Visits: 264

Posted in Новости.