Тешко повреден тракторист додека работел во нива

Шеесет и тригодишен маж од беровското село Русиново е тешко повреден кога пред два дена паднал од трактор.

Тој добил тешки телесни повреди додека со трактор извршувал земјоделски работи на земјоделска површина, сопственост на „Лозарство Зегин“, во с. Сарамзалино, Светиниколско.

Со возило на итната медицинска помош од Свети Николе бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – Скопје.

ИЗВОР: https://makfax.com.mk

Visits: 137

Posted in Несреќи при работа.