Повреден градежен работник во Куманово

На 28.03.2019 околу 11.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во приватна фирма во кумановското село Умин Дол, при изведување работни задачи на кровна конструкција, И.Ѓ.(44) од Куманово паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телсни повреди, информираат од МВР.

Тој бил пренесен во Медицински центар Куманово каде му била укажана лекарска помош.

Увид извршиле екипа од СВР Куманово и инспектор за tруд и заштита при работа и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗВОР: https://kurir.mk/makedonija/hronika/padnal-od-krov-visok-tri-metri-povreden-gradezen-rabotnik-vo-kumanovo/

Hits: 66

Posted in Несреќи при работа.