Работник паднал од висина од пет метри и починал

Во текот на вчерашниот ден се случила несреќа, откако 68-годишен работник од Куманово паднал од висина од пет метри при изведување работни задачи и набрзо починал.

На 03.04.2019 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.30 часот во индустриската зона „Чојлија“, атар на село Чојлија, скопско, од објект во изградба, Н.Н.(68) од Куманово, паднал од околу пет метри висина додека изведувал работни задачи. Тој се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болница во село Петровец, каде во 15.00 часот починал. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено во институтот за Судска медицина за обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Трагедија: Работник паднал од висина од пет метри и починал

 

Hits: 74

Posted in Несреќи при работа.