Градежен работник повреден во Кочани

Вчера во 11 часот и 10 минути во Полициската станица Кочани, од Општата болница Кочани било пријавено дека околу 09.00 часот кај нив со повреди бил донесен 59- годишниот Д.Ц од Кочани.

Според пријавеното, тој се здобил со повреди при изведување на градежни работи на зграда во Кочани. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Кочани и трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗВОР

Hits: 71

Posted in Несреќи при работа.