Повреден градежен работник

Вчера околу 8 часот во полициската станица во Гостивар е пријавено дека на улица „Браќа Блажевски“ во Гостивар А.Ш.(45) од селото Градец, изведувајќи градежни работи во зграда, паднал од висина од околу 3,5 метри.

По укажаната лекарска помош во Ургентниот центар во Гостивар, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица во Гостивар и се работи на расчистување на настанот.

ЛИНК

Hits: 57

Posted in Несреќи при работа.