Маж загина во несреќен случај во нива

Вчера околу 14.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с.Зубово, струмичко, додека Б.К.(66) од с.Зубово работел во нива со трактор под пластеници, една метална шипка од пластеникот се откачила и го удрила во задниот дел на главата, по што починал.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на семејството за погреб.

ИЗВОР

Hits: 12

Posted in Несреќи при работа.