Загина вработен во комунално претпријатие прегазен од возило на претпријатието

40-годишниот О.М. од село Боговиње, вработен во Јавното комунално претпријатие „Шари“, почина вчера откако бил прегазен од возило во сопственост на претпријатието.

Несреќата се случила во 11.30 часот на локалниот пат во село Пирок, тетовско.

„Товарно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Јавното комунално претпријатие „Шари“, а управувано од А.Ф.(55) од село Боговиње, удрило во пешакот О.М.(40) од село Боговиње, вработен во истото претпријатие. Од ударот О.М. починал на местото. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, соопштија од полицијата.

ИЗВОР

Hits: 40

Posted in Несреќи при работа.